Место
Скопје
Моментална состојба
Непостоечко теќе

Ипликџи Хасан-ефенди теќе (Букагили, Букат)

Теќето се наоѓало во близина на Јахја-пашината џамија,     во тогашното Хаџи Гази маало и му припаѓало на дервишкиот ред синани. Било познато и под името букагили. Го основал и изградил Ипликџи Хасан-ефендија кој по потекло бил од Скопје, кадешто се школувал и добил шејховска диплома. Бил многу учен и угледен човек. Сметале дека има надприродни моќи. Теќето било изградено во исто време кога и Јахја-пашината џамија  (908. по хиџра). 
За време на Турско-руската војна имало војници од сите страни на нивното царство, па и од Скопје. По завршување на војната сите војници од Скопје се вратиле дома, освен едно момче, единец на мајка кој бил заробен од Русите. Неговата мајка долго го молела овој шејх да делува со својата моќ да го избави нејзиниот син од тешкото ропство. Шејхот ја употребил сета своја духовна сила и успеал момчето да го врати од руското ропство. Штом дошол му ги симнале прангите (букагили) и тие се наоѓале во еден агол на турбето во ова теќе. Во ова турбе се наоѓале и гробници на ктиторот на теќето и останатите негови шејхови. Денес теќето не постои, било срушено од земјотресот во 1963 година.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer