Фотограф
Виктор Трајановски
Место
Скопје
Моментална состојба
Активна џамија
Хаџи Хајредин џамија Хаџи Хајредин џамија Хаџи Хајредин џамија Хаџи Хајредин џамија Хаџи Хајредин џамија Хаџи Хајредин џамија Хаџи Хајредин џамија Хаџи Хајредин џамија Хаџи Хајредин џамија Хаџи Хајредин џамија Хаџи Хајредин џамија Хаџи Хајредин џамија Хаџи Хајредин џамија

Хаџи Хајредин џамија

Хаџи Хајредин џамијата се наоѓа во близина на Хаџи Мухјидин џамија (која е во фаза на рекнструкција). Џамијата Хаџи Хајредин е стара скопска џамија. Точната дата на нејзиното градење не ја знаеме бидејќи не е запазен натписот над влезот како и вакафнамето на основачот. Но, секако дека била изградена пред 1544 година помеѓу муслиманските маала во Скопје се сретнува и маалото Хаџи Хајредин. 
Како првобитно изгледала оваа џамија не се знае. Меѓутоа, според деталите зачувани пред последните трансформации на објектот, можеше да се претпостави дека била изградена со купола над молитвениот простор и дека имала трем на столбовите кои ја носеле. 
Минарето на оваа џамија не било запазено во целата своја височина. Немало свој темел однадвор, покрај џамијата, како што е тоа вообичаено, туку како да извирало од покривот на џамијата, т.е. од ѕидната маса на нејзиниот западен ѕид. Во него се влегувало од некогашниот трем, а по проширувањето на џамијата, од нејзината внатрешност. Денес минарето е препознатливо по белата фасадна цигла со која повторно изградено. 

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer