Место
Скопје
Моментална состојба
Непостоечко теќе

Бекташко теќе (Аџем Заде)

Ова теќе се споменува во 1615 година. Се наоѓало во дворот на Мехмед-пашината џамија. Првобитно тоа припаѓало на редот „уми синани“. Го основал Аџем Заде Ахмед-ефенди кој припаѓал на овој ред. Но, неговиот син Мустафа-ефенди бил бекташија и под негово влијание теќето станало бекташиско. Во овој ред сите обреди се повеќе или помалку таинствени. Бекташизмот по потекло е од Анадолија и во текот на своето постојење го менувал својот правец, прилично отстапил од главните исламски начела, па може да се каже дека кај него нема многу исламски елементи.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer