Турбето Исхак-бег
На возвишение, во близина на Саат-кулата, северно од Султанмуратовата џамија, се наоѓа турбето на Исхак-бег. Не е познато кога умрел Исхак-бег, но во 1445 година, во документи, се спомнува како покоен. Од некогашното турбе изградено над гробот на вториот османлиски управител на Скопје, биле зачувани само долните партии, и тоа солидно градена шестаголна камена основа на која се гледаат извонредно обработените камени блокови со убава профилација. Се претпоставува дека турбето настрадало од силниот земјотрес во 1555 година, како и во настаните од 1689 година. Турбето на Исхак-бег денес е целосно обновено. Гробиштата во кои се наоѓа турбето на Исхак-бег биле оградени со ѕидана ограда од која и денес, на одделни места, може да се забележат остатоци.
Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer