Синагоги

Синагога или авра е еврејски молитвен дом. Зборот означува собрание (грч. συναγογε – синагоге; хебр. Bet Knesset)
Синагогата не е храм, бидејќи според јудаизмот има еден единствен храм – сега непостоечкиот Соломонов храм. Главната улога на синагогите е заедничка молитва, но се практикуваат и приватни или лични молитви. Синагогата се поврзува и со учењето, и во тоа својство се нарекува bet midrash „куќа на учењето“.
Синагогата е место каде што верниците се собираат за време на светите денови, но таа е и место за собирања, место каде се одржуваат градски собири, каде се договараат зделки. Од првиот век, па до денессинагога служи и како конак за патниците – bet orhim. Богослужба со строга смисла на зборот не се спроведува, но се практикуваат ритуали, молитви и се читаат проповеди. Според Талмудот (еврејската света книга) во саботите (кои што се неработниденови) е дозволено човек да измине 800 стапки. Затоа, во минатото, синагоги се граделе во средини со компактно еврејско население. 
Архитектонските карактеристики на синагогите се во согласност од локалните градежни традиции на државите во кои се наоѓаат. 
Со либералните тенденции, настапиле разни иновации во синагогитекако што се воведување на оргулите и музиката во верската служба, прифаќање на говорниот јазик на околината, покрај верското, обрнување внимание и на секуларното образование, учество на жените во службата и др.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer