Центарот за етнолошки истражувања и применета антропологија - ЦЕИПА е здружение за афирмација на етнологијата и антропологијата. Центарот е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение на граѓани формирано заради остварување, заштита и усогласување на своите уверувања за унапредување на граѓанското општество и локалните заедници, за поттикнување на моралните вредности и за зајакнување на меѓуетничките односи.
Здружението ЦЕИПА е формирано во 2016 г. Во него активно се вклучени доктори и магистри на етнолошки и антрополошки науки и други сродни хуманистички и општествени дисциплини, студенти на студиите по етнологија и антропологија и други посветеници на промовирањето и заштитата на културните вредности. Исто така, во проектните активности партнерски и рамноправно се вклучени стручни лица, вработени во институциите кадешто партнерски се реализираат проектите како ментори и реализатори на проектните активности.
Цели:
- истражување на аспектите на културата и на општеството во Р. Македонија и на Балканот;
- професионално насочување на младите етнолози и антрополози во истражувачка и апликативна работа во полињата на етнологијата и на антропологијата;
- подигнување на свеста на јавностаа за значењето на етнолошкото културно наследство;
- соработка со други организации и институции од областа на етнологијата и антрополгијата.
Активности и проекти
- Форум: „Нематеријалното културно наследство во Македонија: имплементација, заштита и промоција“;
- Работилница за деца од школска и претшколска возраст: „Облеката краси, облеката гнаси“;
- Работилница за деца од школска и претшколска возраст: „Од руно до чорапи“;
- Работилница за деца од школска и претшколска возраст: „Од клас до леб“;
- Работилница за деца од школска и претшколска возраст: „Пеам да те натпеам“;
- Работилница за деца од школска и претшколска возраст: „Свирам да те натсвирам“;
- Работилница „Празничните календари на заедниците во Македонија“;
- Форум: „Етнолошкото културно наследство во Р. Македонија меѓу теоријата и праксата“;
- Форум: „Унапредување на елементите на заштита на етнолошкото културно наследство во Р. Македонија“;
- Монографија „Дервишкиот ред Халвети-хајати во Охрид“;
- Аудио-издание на Списанието ЕтноАнтропоЗум на Институтот за етнологија и антропологија при УКИМ;
- Формирање етнографска музејска збирка;
- „Културните политики и културното наследство: сеќавања од социјалистичкиот период во Македонија“.