Фотограф
Елизабета Павковиќ и интернет извори
Место
Скопје
Моментална состојба
Постоечко турбе
Турбето на кралската ќерка или Крал К`з` Турбето на кралската ќерка или Крал К`з` Турбето на кралската ќерка или Крал К`з`

Турбе на кралската ќерка или Крал К`з`

Турбето Крал к’з’ се наоѓа на источните падини од Гази Баба, во близина на Природно-математичкиот факултет. Турбето било во состав на познатите муслимански гробишта лоцирани на овој рид. На турбето не бил зачуван никаков натпис, па тешко било да се изврши негово датирање и да се каже која е личноста што во него била погребана. Постојат повеќе претпоставки за тоа чиј би можел да биде овој гроб. Според податоците што ги сретнуваме кај Глиша Елезовиќ, во турбето била погребана Катерина Косача, ќерка на последниот босански крал Стефан Томашевиќ. Таа била заробена при заземањето на Босна и примила ислам. Катерина живеела во Скопје каде што и умрела. Според тоа, иако наведеното не е докажано, турбето би требало да биде изградено некаде кон крајот на XV век или во почетокот на XVI век.
Катастрофалниот земјотрес од 1963 година не го поштедил ниту овој објект кога целосно било разурнато турбето, а само остатоците расфрлени во близината со децении зборувале дека тука постоело. Турбето е целосно реконструирано во 2014 година со што повторно го добива првобитниот излгед.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer