Медреси

Значајно обележје на османлиската култура се и медресите. До почетокот на 19 век, односно до основањето на државниот образовен систем и формирањето на првите модерни училишта, образованието кај муслиманите во Османлиската Империја се одвивало единствено во традиционалните религиозни училишта: мектеби и медреси. Во суштина мектебите биле нижи верски училишта што ги посетувале само децата. Ранг на повисоко училиште имаа медресите најчесто градени крај џамиите и биле увакуфени. Во медресите се добивало верско образование низ целиот век на Империјата кое било клучно за секој еден чиновник во теократска држава каква што била Османлиската Империја. Долго време мектебите и медресите заедно со келијните училишта биле единствен извор на образование. Со формирањето на секуларните училишта во XIX век, образовните реформи и отворањето на нови работни места, но и како резултат на запустувањето и економското пропаѓање на вакуфите, тие до 1912 година речиси целосно замреле. Кон крајот на османлиското владеење во Битола, според Мехмед Тефик биле активни 8 медреси. Едната од нив се наоѓала до самата Исак џамија, втораа до Јени џамија, третата позната под името Турк. Веднаш до неа, покрај самата џамија се наоѓала и медреста „Сунѓур Чауш“. Покрај џамиите на Шериф бег, Хајдар кади, Махмуд кади и Тефикие, исто така постоеле по една медреса. Со медресите раководеле такавиканите мудириси од кои поистакнати биле Хаџи Јахја-ефенди, Назиф-ефенди, Мехмед-ефенди, Хаџи Мехмед Алија и Абдул Керим-ефенди. Во 1629 година за мудирис на медресата Исак ефенди беше назначен Мевлан Хасан. Една година подоцна тој беше сменет од Абдул Керим-ефенди. Во тој период дневната плата на мудирисите изнесувала 40 акчиња.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer