Изложбата „Турбињата во Скопје“ во реализација на Центарот за етнолошки истражувања и применета антропологија (ЦЕИПА), го истражува и претставува дел од недвижното културно наследство на Скопје.
Проектот е финансиски подржан од Град Скопје преку годишен конкурс за финансирање на программи и проекти од областа на културата од интерес на Град Скопје за 2020 година.
Реализатори на проектот:
• м-р Виктор Трајановски, автор на изложбата
• м-р Елизабета Павковиќ, автор на изложбата
• Борис Мантов, веб администратор
• Владимир Трајановски, дизајн и компјутерска обраборка на каталогот