Карвансарај на Капиџи-баша Синан
Карвансарајот се наоѓал на просторот северно од Султан Муратовата џамија и Саат култа, во близина на турбето на Исхак-бег. Изградбата на овој објект се поставува на почетокот или во средината на XV век. Се претполага дека градител на овој карвансарај бил Капиџи-баша Синан, син на Бехадир. Голема е веројатноста обновата на објектот по земјотресот од 1555 година да ја извршил Хаџи Мехмед-ага.
Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer