Фотограф
Непознат
Моментална состојба
Постоечки објект
Место
Скопје
Стара-нова бања Стара-нова бања Стара-нова бања Стара-нова бања Стара-нова бања Стара-нова бања Стара-нова бања

Стара-нова бања
Амамот се наоѓал под самото возвишение на кое е изградена султан Муратовата џамија и тоа од неговата јужна страна. По земјотресот, со спроведување на новиот урбанистички план во непосредна близина на амамот е изграден Скопскиот Универзитет. 
За овој амам не се знае кој го изградил и на чиј вакаф му припаѓал, како и годината на изградба. Постои претпоставка дека бил изграден помеѓу XV и XVI век.
Стара-нова Бања или Ески-јени амамот (Eski-Yeni Hamam) бил од типот на единечни амами. Во 1963 година од силниот семјотрес бил урнат поголемиот дел од амамот т.е. просторот кој служел за гардероба. Наредната година на местото од овој простор, Управата на градските бањи изградил еден мал објект за иста намена со цел амамот да ја продолжи својата функција. Во 1973 година поради „нерентабилност“ амамот бил затворен и конечно престанал со својата функција. Денес од амамот е зачуван само делот со просториите за бањање, како и просторот на резервоарот и огништето.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer