Незафет (Амам кај пошта)
Овој амам се наоѓал од десната страна на Вардар на просторот спроти главната пошта, во непосредна близина на „арапската куќа“. Кај муслиманското население амамот бил познат под името „nezafet hamamı“ што во превод значи „чистота“. Не се знае кога точно бил изграден, се претполага дека потекнува од крајот на 19. век. Се споменува личноста Иса-ага како градител на амамот. Во 1914 година бил забележан како „модерно купатило“. „Модернизирањето“ т.е. внесување тушеви на едниот дел од амамот станало веројатно по 1912 година.
Во земјотресот во 1963 година амамот многу настрадал по што бил урнат и теренот израмнат.
Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer