Фотограф
Непознат
Моментална состојба
Непостоечки објект
Место
Скопје
Вардар-бања Вардар-бања Вардар-бања

Вардар-бања
Овој амам се наоѓал на десната страна од реката Вардар. Бил познат и како „Амам од спротивната страна“ (Karsiyaka Hamami), како Муаџирски амам и Амамот на Хасан Риза ефенди завештан на Јелен Капан џамија.
Не се знае во која година точно бил изграден, но од вакафнамето на Хаџи Хасан Риза ефенди (од Крива Паланка) кое датира од 1896 година, се дознава дека оваа личност во Скопје завештал амам и куќа. Според Хаџи Васиљевиќ амамот бил изграден во 1886 година.
Овој амам бил од типот на единечни амами. Во одреден временски период се снабдувал со вода од реката Вардар со помош на едно дрвено тркало (чарк) кое се вртело и така ја преземало водата од Вардар. Овој амам функционирал до ослободувањето на Скопје во 1944 година, а потоа бил урнат.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer