Амамот Кара Капиџи
Амамот се наоѓал северно од Бит-Пазар и Алаџа џамија, во маалото Кара Капиџи-баши. По стилот и начинот на градењето, што се можело да се види на остатоците од ѕидови и подови, како и од многу скудни пишани податоци, може да се заклучи дека бил изграден кон крајот на XV или почетокот на XVI век. Не е познато до кога овој амам бил во употреба. Веројатно и тој страдал во познатите катастрофи на градот.
Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer