Фотограф
Непознат
Место
Битола
Моментална состојба
Активна црква
Св. Димитриј Св. Димитриј Св. Димитриј Св. Димитриј Св. Димитриј Св. Димитриј Св. Димитриј Св. Димитриј Св. Димитриј Св. Димитриј

Св. Димитриј

Црквата Св. Димитрија се наоѓа во централното градско подрачје, во близина на градскиот саат. Црквата е изградена во 1830 година, на местото каде што пред тоа се наоѓала мала црква параклис Св. Димитрија што настрадала во пожар. Со одобрение на турските власти и по добивањето на дозвола на 06.08.1830 год. црквата била изградена за неполни четири месеци. Осветена била на 12 декември истата година. Севкупните трошоци изнесувале 184 622 гроша и 23 пари. Во финансирање на изградбата учествувале трговците и занаетчиите - еснафи со доброволни прилози. По форма таа  е трикорабна базилика, со димензии 36 х 10 м. со тоа што подот е вкопан в земја за 1 метар. Од три страни е опколена со трем, што е застаклен во 1924 год. Над тремот се изградени катни галерии, од кои централната е певничка, а страничните се посветени на Григорие Богослов и св. Преображение. Во апсидалниот дел постојат три олтари, централниот посветен на црквата Св. Димитрија, јужниот на Благовести, а северниот на Св. Никола. Во 1845 год. изработени се фреските на ѕидовите, повеќето икони и поставен е еден централен голем иконостас кој припаѓа на македонската резбарска школа, со извесни влијанија од Света Гора. Иконостасот  од страничните галерии е од делови од старата црква Св. Димитрија, за кои, според староста, се верува дека се изработени во XVIII век. Во црквата е изграден амвон и голема епископска столица. Внатрешноста на црквата е украсена со многу полилеи од стакло и икони кои имаат голема уметничка вредност.
Долго време по изградбата црквата немала камбана. Верниците биле повикувани на молитва со клепало. Првата камбана била поставена по Хуриетот додека камбанаријата како посебен ахритектонски дел била изградена во 1936 година. 
Храмот на св Димитрија во Битола станал средиште на едно ново маало што се формирало околу црквата. Таму доминатно живееле побогатите граѓани и го носело називот Клисе маало, односно Црковно маало или уште познатот како кварт Димитри. Тука живееле фамилиите на Робевци, Кацујани, Дума, Мацали, Папазогу, Лала, односно добар дел од тогашната христијанска буржоарска елита.  Квартот имал 4 улици добро уредени со убави куќи. Набрзо тука се концентрирале и конзултатите и дел од други културни и стопански османлиски објекти.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer