Фотограф
Непознат
Место
Битола
Моментална состојба
Постоечки објект
Пафтали џамија

Пафтали џамија (руинирана)

Џамијата била сместена на северниот дел од градот, на ридот Баир, на местото викано Соук чешма. Не се знае кога била подигната, ниту пак од кого. Имала сосема мали димензии, квадратна основа со димензии 5,80 м x 5,80 м. Имала купола која се крепела на октагонална основа. До џамијата имало и мектеб (исламско основно училиште). Во XIX век ѝ бил дограден правоаголен молитвен простор. Покриена била со олово, но покривот одамна исчезнал. Околу џамијата постоеле и гробишта. Била граедена во клоазон техника со два прозорци на јужната страната. Денес објектот е руиниран, а делот од молитвениот простор долги години се користи како дрводелска работилница.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer