Фотограф
Непознат
Место
Битола
Моментална состојба
Постоечка џамија
Хамза бегова Џамија Хамза бегова Џамија Хамза бегова Џамија Хамза бегова Џамија

Хамза бегова Џамија

Џамијата веројатно била изграден кон крајот на XVI век или пред 1634 година. Единствените писмени сведоци се датумот 1798, напишан на тамбурот на куполата и уште една мермерна плоча со натпис според која џамијата била реновирана во 1857/1858, по што станала центар на дервишкиот ред суфиски Халвети во Битола. Вакафот на џамијата за прв пат е споменат во 1633 година, а зградата во 1634 година како вакаф на Хамза-бег, во судски документи во Битола. На јужната страна на куполата со црвено била напишана 1798 година, веројатно датумот на обновување. Во 1857/1858 година било завршено уште едно реновирање кога бил додаден едноставен портик. Џамијата има правоаголна основа со димензии 8,90 x 10,21 м. и претставува поедноставена џамија со правоаголна апсида со рамен покри, со димензии 5,50 x 2,60 м. во која е поставен михработ, што го дели централниот простор на два дела. Апсидата има два елегантни сводести прозорци на јужната страна. Овој необичен дизајн е последица на заемното влијание меѓу византиската и османлиската архитектура која се развива на почетокот на XIV век. Минарето е многуаголно, изѕидано од камен и тули и е високо 23,40 м и е добро зачувано. Шерефето му е украсено со сталактити, а балконот има мермерен парапет. Додадениот трем има димензии 5 м x 10,25 м, со кос покрив.
Џамијата во суштина била цел еден комплекс кој имал и халветиско теќе и турбе, мектеб и медреса. Џамијата според приказната настанала кога во Битола дошле тројцата дервиши Ибрахим, Абдул Керим и Ахмед од халветиското теќе Зејнел Абедин паша од Охрид.  Тие формирале и вакуф сотавен од 17 куќи, но до почетокот на XX век од тој имот не останало ништо. Оваа џамија поради тројцата светци била особено почитувана меѓу населението, па често оделе и христијаните и муслиманите во потрага по спас и за решение на своите проблеми. Џамијата прилично настрадала во Првата светска војна. Денес од целиот џамиски комплекс зачуванана и потполно реконструирана е џамијата, а во дворот можат да се видат неколку надгробни споменици.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer