Фотограф
Виктор Трајановски и интернет извори
Место
Скопје
Моментална состојба
Активна џамија
Гази Иса-бегова џамија Гази Иса-бегова џамија Гази Иса-бегова џамија Гази Иса-бегова џамија Гази Иса-бегова џамија Гази Иса-бегова џамија Гази Иса-бегова џамија Гази Иса-бегова џамија Гази Иса-бегова џамија Гази Иса-бегова џамија Гази Иса-бегова џамија Гази Иса-бегова џамија Гази Иса-бегова џамија Гази Иса-бегова џамија Гази Иса-бегова џамија Гази Иса-бегова џамија Гази Иса-бегова џамија Гази Иса-бегова џамија Гази Иса-бегова џамија Гази Иса-бегова џамија Гази Иса-бегова џамија Гази Иса-бегова џамија Гази Иса-бегова џамија Гази Иса-бегова џамија Гази Иса-бегова џамија Гази Иса-бегова џамија Гази Иса-бегова џамија Гази Иса-бегова џамија Гази Иса-бегова џамија

Гази Иса-бегова џамија

Гази Иса-беговата џамија се наоѓа северно од Султан Муратова џамија и спаѓа во редот највредните споменици од исламската архитектура кај нас. Била изградена во втората половина на XV век, по смртта на Иса-бег, а по негова желба и заповест, што се дознава од натписот над влезот во џамијата. Оваа скопска џамија го носи името на една од најпознатите личности во периодот на ширењето и воспоставувањето на османлиската власт на Балканскиот Полуостров. Иса-бег бил син на Исхак-бег и внук на Паша Јигит-бег, освојувачот на Скопје и првиот командант на скопското краиште. Ова е време на владеењето на султаните Мурат II (1421-1451) и неговиот син Мехмед II Фатих (1451-1481). За Иса-бег се смета дека бил најистакнатиот краишки војвода и султанов намесник со широки овластувања и права на голема територија. Тој ги основал градовите Сараево и Нови Пазар. Своето големо богатство го вложил во изградба на многубројни објекти во Скопје, Сараево, Нови Пазар и други места. Не се познати годините на раѓањето и смртта на оваа истакната личност. Последниот податок за Иса-бег се среќава во 1469 година при озванчувањето на неговото вакафнаме. Во него е наведено дека Иса-бег изградил медреса со десет одделенија, а во нејзина близина и теќе. За нивно издржување го завештал својот голем имот, меѓу кои: Чифте амамот со дуќани покрај него; деветнаесет дуќани пред амамот што се поврзани со Безистенот на татко му Исхак-бег и Капан ан со дуќаните околу него. За споменатата задужбина Иса-бег ги увакуфил и сите свои книги. Тоа бил многу богат фонд на ракописни книги од разни области.  Книжниот фонд се состоел од  230 разновидни ракописни книги во 320 томови, што ја правело оваа медреса една од најбогатите библиотеки на Балканот.Во најголем дел овие книги биле со верски карактер  но биле застапени и книги од областите на астрономијата, медицината, филозофијата,математиката итн.
Иса-беговиот објект (zâviye), било завршено во 1475/6 година. Завијето имало форма на буквата Т и било изградено во раноцариградски стил по примерот на познатата Махмут-пашина џамија во Истанбул. Објектот на Иса-бег бил претворен во џамија најверојатно во истиот период кога и оној на неговиот татко (1519 година). Бил изграден од делкан камен со хоризонтални редови на тули. Неговата фасада во горниот дел завршува со дворедни венци изведени во форма на цик-цак. Карактеристична е по двете еднакви куполи над молитвениот простор, поставени по должината на објектот, покриени со олово, со кои се разликува од другите џамии. Подоцна на градбата од северната и јужната страна ѝ се доѕидани по две помали простории со што значително се намалила видливоста во внатрешноста. Пред нејзиниот влез, како и кај повеќето други џамии, е изграден трем, кој е покриен со пет помали куполи над прекршени аркадни лакови. Минарето на џамијата е високо 34 метри, и нема свои темели, туку израснува од самиот објект. Во дворот на џамијата расте многу стар чинар со извонредна круна за кој се смета дека бил засаден уште од времето на изградба на џамијата.  
Во комплексот, покрај џамија, некогаш постоеле медреса и библиотека со повеќе од 320 ракописни книги. Според Глиша Елезовиќ „Како по бројот на книгите, така и по нивната разновидност, библиотеката на Иса-беговата медреса може да се вброи во редот на најголемите библиотеки на XV век .“ 

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer