Фотограф
Непознат
Моментална состојба
Непостоечки објект
Место
Битола

Тимархане

Тимархането во почетокот служело како болница, односно санаториум за ментални болести. Но, со преполнувањето на другите затвори, овој објект како и Зандан Кулето биле преобратени во затвори. Конкретниот датум кога овој објект бил пренаменет не се знае, но тоа најверојатно се случило малку пред или за време на Илинденското востание. Објектот имал само неколку простории, чиј распоред не го знаеме, а во него биле натрупани затворениците, често во поголем број отколку што имало простор. Тука се издржувале тешки казни и впрочем тоа и била главната намена, да служи како еден вид темница за оние кои се осудени на бесење или пак чекале сургун во некој од африканските или малоазиските затвори. Во 1904 година забележано е бегство на 34 затвореници кои побегнале од Тимар Хането преку еден канал. Каналот што го ископале во должина од 11 метри и 60 см, поминувал под затворската канцеларија и излегувал веднаш на „Елбасански пат“ односно до коритото на реката Драгор. Уште еден случај на бегство е документиран во 1906 година кога 12 затворениц избегале од затворот. Објектот на Тимархането денес не постои.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer