Фотограф
Непознат
Моментална состојба
Непостоечки објект
Место
Битола
Библиотека Интифа

Библиотека Интифа

Библиотеката била сместена во склоп на Исхак бег вакуфот во центарот на Битола. Според едни извори, се наоѓала на вториот кат од комплексот сместен во близина на денешната полициска зграда. Првично овој објект бил наменет за османлискиот суд, но подоцна тука биле сместени и архивата на судот, но и други книги со што полека се формирала библиотеката. Библиотека била јавна, но не било дозволено книгите да се изнесуваат надвор, туку внатре да се читаат.  Содржела огромен број книги, вредни дела, а се чувал и  примерок од првата книга која излегла од првата автохтона турска печатница на Ибрахим Мутеферика во 1729 година  со наслов „Речник на арапски и турски“, книга која претставувала ренесанса  во османлиското општество, ја зголемила продукцијата на книги и особено придонела за одделување на турскиот јазик од  комплотот на турско-персиско-арапски јазик. Со заминувањето на Османлиите од Битола во 1912 година нејзината дејност не престанала. Продолжила со работа во текот на војната со намалено дејство, но и во периодот кога Македонија била дел од Кралството СХС. Библиотеката била ограбена во 1938 година за што била покрената истрага, но сторителите не биле најдени, а предметите и книгите се смета дека завршиле на истанбулските пазари. Зградата на библиотеката била срушена во 1948 година, како и многу други згради од османлискиот период коишто станале жртви на модернизацијата  на градот.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer