Фотограф
Непознат
Моментална состојба
Постоечки објект
Место
Битола
Ислахане Ислахане Ислахане Ислахане

Ислахане

Битолското ислахане било изградено во периодoт од 1894-1899 година кога валија на Битолскиот вилает бил Абдул Керим паша. Училиштето било отворено во 1899 година. Во Ислаханата се грижеле и ги образувале јетимите (сираци). Образованието траело 5 години. Објектот го проектирал беледискиот инжинер Хараламбо, а стручен соработник му бил извесен Тодор Михалојвиќ. Објектот се состои од приземје и кат, со впечатлив влез од страната на патот, изведен со неколку столбови и балкон. Училиштето располагало и со простран двор. Училиштето било подигнато со донации од граѓаните на Битола. Во ова училиште биле изучувани занаетите, па така забележано е и името на Петар Црномаровиќ кој предавал дрводелство. Се изучувале уште и чевларскиот и шивачкиот занает. Училиштетот во континуитет функционирало сè до 1912 година, кога со доаѓањето на српската власт било затворено. Објектот потоа бил предвиден за царинарница. По ослободувањето, зградата на училиштето долг период служела како погон на фабриката за кондиторски производи „Краш“. Денес објектот постои, но е запуштен и оставен на забот на времето.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer