Сунгур Чауш
Медресата функционирала во период од 1468-1528 годин во склоп на Сунгур Чауш џамијата. Според преданието била направена со донации од самите ученици. Може со сигурност да се смета дека оваа медресата е првата османслиска исламска школска установа во Битола. Медресата била издржувана од богатиот вакуф на Сунгур Чауш. Вкупниот приход од сите вакуфи на Сунгур Чауш бег бил 28 960 акчиња, а годишно 3000 акчиња. Расход имало за мутевелиите, како и 4 320 акчиња расход за одржување на џамијата во Битола. Трошоци имало, исто така, и за имаретот (народната кујна) во градот Битола и за месџидите (мали џамии) во Видин и Одрин. Севкупно овие расходи изнесувале 28 070 ачкиња годишно, а преостанатите 890 ачкиња требало да се употребата за ситни поправки на објектите. Мудерис на џамијата по Хуриетот бил хаџи Мехмед Алија. Објетот денес не постои.
Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer