Фотограф
Непознат
Моментална состојба
Непостоечки објект
Место
Битола
Нузхетие (Единство)

Нузхетие (Единство)

Паркот Нусхетие бил дело на битолскиот валија Абдулкерим Паша, кој лично го избрал метото и дал сугестија тука да се направи парк. Паркот се протегал од денешниот Ловечки дом, одејќи паралелно со касарните, па сè до Тумбе Кафе. Првичната идејата на Абдулкерим паша била со овој потег да го реши проблемт со мочуриштето и заразата што од се ширела од него. По уредувањето станал прилично убаво место кое било доста посетено од битолчани. Паркот во различни периоди различно се именувал. По 1908 година го носел името „Итаат“ додека меѓу двете светски војни го носел името „Терпс“. Уредени биле неколку патеки, биле посадени дрвја, а имало и шадрван кој служел за разладување. Постои и една фотографија направена од Милтон Манаки во 1908 година каде се забележани учениците од Сточарската станица како садат дрвја во паркот. Кратко по Балканските војни признавајќи ги заложбите на градителот, Српските власти паркот го преименувале во  „Парк Абдул Керим“. Овој парк своето значења го изгубил кога веднаш до него бил уреден новиот Народен парк кој постои до денес.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer