Фотограф
Непознат
Место
Охрид
Моментална состојба
Активна црква
Големи Свети Врачи – Козма и Дамјан Големи Свети Врачи – Козма и Дамјан Големи Свети Врачи – Козма и Дамјан Големи Свети Врачи – Козма и Дамјан Големи Свети Врачи – Козма и Дамјан Големи Свети Врачи – Козма и Дамјан Големи Свети Врачи – Козма и Дамјан Големи Свети Врачи – Козма и Дамјан Големи Свети Врачи – Козма и Дамјан Големи Свети Врачи – Козма и Дамјан Големи Свети Врачи – Козма и Дамјан Големи Свети Врачи – Козма и Дамјан Големи Свети Врачи – Козма и Дамјан Големи Свети Врачи – Козма и Дамјан Големи Свети Врачи – Козма и Дамјан Големи Свети Врачи – Козма и Дамјан Големи Свети Врачи – Козма и Дамјан Големи Свети Врачи – Козма и Дамјан Големи Свети Врачи – Козма и Дамјан Големи Свети Врачи – Козма и Дамјан Големи Свети Врачи – Козма и Дамјан Големи Свети Врачи – Козма и Дамјан Големи Свети Врачи – Козма и Дамјан Големи Свети Врачи – Козма и Дамјан Големи Свети Врачи – Козма и Дамјан

Црквата „Св. Козма и Дамјан“ во Охрид е позната како Големи Врачи. Се наоѓа југозападно од малата црква „Св. Варвара“ и Античкиот театар во стариот дел од градот. Црквата спаѓа во редот на поголените охридски цркви и доминира врз околината. Таа претставува трикорабна црква, со седмострана апсида од источната страна. Во внатрешноста е изградена централна купола со четири столба. Црквата е изградена од камен, кој на аглите од црквата е прецизно изделкан, а на апсидата и горниот венец под покривот е употребен бигор со наизменична употреба на печена тула. Црквата е покриена со керамиди на двете страни и под покривот е изработен двоен широк декориран венец од бигор. За да се оформи платформа за црквата и црковниот двор земјиштето е кренато и од источната страна на дворот е изграден потпорен ѕид од камен. На јужната страна од црквата е дограден затворен трем, во кој се поставени свеќи за продавање и во продолжението се користи како мала трпезарија. Се смета дека црквата е изградена врз темелите на постара црква, и тоа од XI век изградена од страна на охридскиот архиепископ Теодул I (1056-1065), исто така посветена на Светите Врачи Козма и Дамјан. Денешната црква, изградена во почетокот на XIX век. Од западниот ѕид на црквата има влез кој не се користи, а во црквата се влегува преку јужната страна. Над западната внатрешност е изградена катна галерија на која има два ката. До неа има пристап преку надворешни камени скалила, изградени од југозападната страна на црквата, во внатрешноста на црковниот трем. Црквата на подот е поплочена со камени плочи. На јужниот влез во црквата е насликана фреска на светите Козма и Дамјан на која е напишано дека црквата е изградена во 1842 година, а фресакта е насликана во 1867 година. Во внатрешноста фрески има само на куполата, со фреската на Христос Седржител и претстави на четирите евангелисти Марко, Матеј, Лука и Јован, овие фрески се насликани од страна на најпознатиот зограф од тоа време Дичо Зограф.  Во црквата е поставен дрвен иконостас на кој на одредени делови е израбоена резба и се состои од два хоризонтални реда. Иконостасот е изработен од Мануил Георгиу од Селица во 1850 година. На првиот ред има 8 постари престолни икони, и царски двери кои се изработени во поново време. Царските двери, кои потекнуваат од XVI век, денес се наоѓаат поставени на иконостасот во црквата „Св. Богородица Перивлепта“. Има северни и јужни двери на кои има икони во целата должина. Под престолните икони на дрвени плочи како декорација се насликани пејзажни мотиви на градски куќи. На престолните икони има 23 помали икони, а над нив Распетие изработено во резба. Иконите се изработени во периодот 1850/51 година и во најголемиот дел се изработени од страна на зографите Михаил Георгиу и Константин Јоану од Селица. Црквата е отворена само повремено.