Фотограф
Непознат
Место
Охрид
Моментална состојба
Активна црква
Света Богородица Челница Света Богородица Челница Света Богородица Челница Света Богородица Челница Света Богородица Челница Света Богородица Челница Света Богородица Челница Света Богородица Челница Света Богородица Челница Света Богородица Челница Света Богородица Челница Света Богородица Челница Света Богородица Челница Света Богородица Челница Света Богородица Челница Света Богородица Челница Света Богородица Челница

Црквата „Св. Богородица“ – Челница се наоѓа во маалото Месокастро во стариот дел од Охрид до улицата Климентов Универзитет. До неа може да се дојде преку наведената улица, а може и пеш симнувајќи се надолу од црквата „Св. Богородица – Перивлепта“ и ЦОУ „Св. Климент Охридски“. Оваа црква изобилува со своевидни раритети. На пример, таа е единствената црква не само во Дебарско-кичевска епархија туку и во Р. Македонија, која претставува двобродна градба. Двата кораби внатрешно се поврзани со арки и камени столбови, од кои јужната арка е поголема, а северната е помала. Изградена е на темелите на постара средновековна црква, која што во најголем дел се наоѓа под денешната црква. И не само тоа, туку и од јужниот ѕид на црквата, кој се спушта многу подолу кон средновековната црква, има врата која води внатре во првичната архитектура. Според некои истражувачи оваа црква потекнува од IX век и била изградена од бугарскиот владетел Борис, додека други истражувачи времето на изградбата го сместуваат во XIV век. Во црквата е запазен најстариот фрескоживопис од XIV век, од кој има фрагменти на јужната и северната страна од ѕидот над арката. Црквата претставува двокорабна градба во внатрешноста, додека од надвор е покриена под еден покрив од керамиди, поставени на две страни. На западната страна од црквата има припрата, а пред неа е влезната врата на која десно има мала просторија каде што се продаваат свеќи и во состав на просторијата и западниот ѕид од припратата е изградена камбанарија во приближно иста височина како и црквата. Во камбанаријата има една камбана. Во камбанаријата има една камбана. Во припратата нема фрески, а на влезот во наосот лево и десно од влезната врата се поставени две големи престолни икони. Во внатрешноста освен делови од првиот фрескоживопис од XIV век има и понови фрески кои се завршени на 20.XI.1862 година од страна на Дичо Зограф од Тресонче. Подоцна се извршени интервенции и делови од црквата се насликани и обновени од зографот Коле Момиров во 1901 година. Истата година е извршено преосветување на црквата од егзархискиот владика Методиј. Во црквата има постар иконостас. Долните дрвени плочи под престолните икони се насликани со флорални декорации. На иконостасот има 4 престолни икони и царски двери над кои има насликано полукружен надвратник. Северната врата преку која се влегува во олтарот се наоѓа на северниот брод, и на неа има една икона насликана во целата должина. На престолните икони има хоризонтална даска на која се насликани 12 апостоли и Деизис, односно вкупно 15 ликови. Над нив има резбано украсено Распетие. На сверните двери е запишано името на Димитриј Зограф, и годината 15.V 1862 година, односно тоа е познатиот Дичо Зограф од Тресонче. Во поново време се избршени повеќе реконструтивни зафати во црквата, во олтарскиот дел е поставена нова мермерна плоча на светиот престол, уреден е дрковниот двор, променет е покривот со нови керамиди и слично. Преосветувањето на светито престол во црквата е извршено на 7.VIII 2011 година од страна на митрополитот Тимотеј. Во црквата повеќе пати во годината се богослужи света Литургија. Црквата е секојдневно отворена за верниците и посетителите.