Фотограф
Непознат
Место
Охрид
Моментална состојба
Активна црква
Света Софија Света Софија Света Софија Света Софија Света Софија Света Софија Света Софија Света Софија Света Софија Света Софија Света Софија Света Софија Света Софија Света Софија Света Софија Света Софија Света Софија Света Софија Света Софија Света Софија Света Софија Света Софија Света Софија Света Софија Света Софија Света Софија Света Софија Света Софија Света Софија Света Софија Света Софија

Црквата „Света Софија“ е катедрална црква на Охридската Архиепископија. Посветена е на Господ Исус Христос како Божествена Премудрост, односно Софија. Таа преставува најголема средновековна црква во Дебарско-кучевската епархија. Катедралата е изградена врз темелите на ранохристијанска базилика. Времето на нејзината изградба сè уште не е точно утврдено. Во секој случај тоа било или кон крајот на X век или почетокот на XI век. Нејзината обнова била во времето на Охридскиот архиепископ Лав, кој бил на престолот од црквата од 1035 до 1056 година.

Во втората половина на XV век, со освојувањето на Македонија од Османлиите, црквата е пренаменета во исламски објект – џамија. При тоа фреските биле премачкани со вар, куполата била срушена, а мермерниот иконостас бил искршен. Во светиот олтар бил поставен минбар (возвишено место каде што стои муслиманскиот свештеник за време на молитвата) во кој биле употребени делови од иконостасот. Над куполите од Григориевата галерија биле изградени минарињата. Реставрацијата на оваа црква започнува дури по Втората светка војна, во 1949 година кога се почнува со чистење на фреските од премачкувањето. Во следниот период фреските се конзервирани и заштитени, и повторно се вратени во црквата. Со чистење на фреските се покажало дека во црквата е сочуван фрескоживопис од XI, XII и XIII век, кои претставуваат ремек дело на византиското монументално сликарство. Во овој период црквата се наоѓа во рацете на Државата и функционира како музеј, сè до 1991 година кога е вратена под управа на Македонскта православна црква. Во 2000 година е пристапено кон ревитализација на катедралата и враќање на нејзината богослужбена намена. Отстранет е минбарот, поставен е мермерен иконостас и нов мермерен под со спроведено топлотно грреење. Црквата е преосветена на 24.VI.2002 година со учество на сите архиереи на МПЦ. На тој начин по 535 години повторно е вратен литургискиот живот на храмот на „Света Софија“, продолжувајќи да функионира како катедрален храм на Охридската архиепископија.