Фотограф
Дебарско-кичевска епархија 1967-2017
Место
Охрид
Моментална состојба
Активен Манастир
Манастир Свети Еразмо Охридски – Охрид Манастир Свети Еразмо Охридски – Охрид Манастир Свети Еразмо Охридски – Охрид

Благодарение на хронологијата, добиена како резултат на стилската анализа, во прв ред, анализата на фрескоживописот, се доаѓа до заклучок дека пештерската црква посветена на антиохискиот епископ свети Еразмо е најстарата од пештерските цркви кои, во голем број, се изградени и адаптирани на брегот на Охридското Езеро. Во оваа пештерска црква се подвизувал свети Еразмо Охридски, светител од IV век. Таа се наоѓа на околу 2 км од Охрид, во карпите на патот кон Струга. Оваа пештерна црква, низ својата долга историја повеќепати е преправена, но фрескоживописот што е изведен врз природната карпа на пештерата е зачуван до денес. Врз основа на овој фрескоживопис може да се заклучи дека датира од првата половина на XIII век, додека зографот не е познат.

Поради големата посветеност и малиот простор на црквата, во 1928-1930 година до пештерната црква изградена е нова црква. Новата црква е зографисана од охридскиот зограф Ѓорѓи Крстески. Благодарение на самопрегорот, грижата и трудот на Лепосава (Лепа) Димитриоска, која остави длабока трага во поновата историја на манастирот, изградени се нов конак и потпорен ѕид, и извршено е комплетно уредување на дворот на манастирот. Конакот е граден по проект на архитектот Тодор Паскали од Охрид. Осветен е на 15 јуни 1995 година од страна на митрополитот Тимотеј. Под манастирот има извор со лековите вода.