Фотограф
Виктор Трајановски; www.zkn.mk; www.marh.mk; journeymacedonia.com
Место
Охрид
Моментална состојба
Активен Манастир
Манастир Света Богородица Заумска – Охрид Манастир Света Богородица Заумска – Охрид Манастир Света Богородица Заумска – Охрид Манастир Света Богородица Заумска – Охрид Манастир Света Богородица Заумска – Охрид Манастир Света Богородица Заумска – Охрид Манастир Света Богородица Заумска – Охрид Манастир Света Богородица Заумска – Охрид Манастир Света Богородица Заумска – Охрид Манастир Света Богородица Заумска – Охрид Манастир Света Богородица Заумска – Охрид

Манастирот се наоѓа на источниот брег на Охридското Езеро, во близина на селото Трпејца. Манастирската црква е градена во форма на впишан крст, која има осмостран тамбур. Ѕидана е од бигор, камен и тула. Во почетокот, црквата имала и припрата, која била задовдена со полукружни садови. Според зачуваниот натпис, што се наоѓа над западниот влез, изградена е од кесарот Гргур, за време на деволскиот епископ Григориј, во 1361 година, кога е и фрескоживописана.

Кога станува збро за фрескоживописот, би рекле дека тој е дело на зограф што се издвојува од неговите современици што работеле во Охрид. Според неговите карактеристики, не е исклучена можноста своите познавања да ги стекнал во познатиот уметнички центар во Солун. Највпечатлива, воедно и една од најретките претстави, е фреската на која е претставена света Ана како ја дои Пресвета Богородица, нагласувајќи еден многу реалистичен момент – искажување на мајчинска љубов.

Иако пристапот до манастирот е ограничен, бидејќи до него се доаѓа само преку езерото, сепак, поради својата убавина и местоположба е многу посетен. Поради таа причина, во 2014 година започна изградба на нов конак, врз темелите на стариот кој беше во рушевини. Темелите на истиот се осветени на 22 септември 2014 година од владиката Тимотеј, а неговата изградба траеше во 2016 година.

Манастирот изграден е на две нивоа. Долу се наоѓаат манастирската кујна и трпезаријата, а горе се наоѓаат простран чардак, владички апартман и соби, опремени по најсовремени стандардни.

Покрај изградбата на конакот извршено е и партерно уредување на целиот простор околу манастирот, со што повторно го врати својот лик на вистинска градина на Пресвета Богородица, која го краси Охридското крајбрежје.