Фотограф
Виктор Трајановски
Место
Скопје
Моментална состојба
Активна џамија
Хатунџук џамија Хатунџук џамија Хатунџук џамија

Хатунџук џамија

Оваа џамија се наоѓа во близина на Јахја-пашината џамија и Рифаи теќето. Овој споменик на културата датира од XVI век. Нејзиното вакафнаме датира од 1511 година што покажува дека џамијата била изградена пред посочената дата. Градителка на џамијава била Хани Хатун, една од ќерките на Јахја-паша. Називот на џамијата Хатунџук значи мала госпоѓа (дама), госпоѓица. Маало под називот Хатунџук се среќава меѓу скопските маала уште во 1544 година. 
Хатунџук џамија многу настрадала во земјотресот од 1963 година. Џамијата има одредени вредности и претставува споменик на културата. 
Била градена на начин применет кај постарите осмалиски градби со прецизно поставени редови на добро обработен камен и тула. Своевремено била изградена како куполен објект со убаво обработени детали како дрвените крила од влезот, капаците на прозорците и друго. 

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer