Фотограф
Непознат
Место
Скопје
Моментална состојба
Активна џамија

Хаџи Јонус џамија

Хаџи Јонус џамија се наоѓа во Чаир, во близина на основното училиште Лирија. Старата, дотраена џамија била урната во 1994 година и на нејзино место е изградена сосема нова џамија со доста поголеми димензии. Од претходната џамија е зачувано само минарето кое е старо и автентично, но не е запазено цо целата своја височина.
Џамијата била оштетена и во земјотресот од 1963 година. Со интервенциите извршени потоа, кои се состоеле и од проширувањето на џамијата т.е. соединувањето на молитвениот простор со оној од тремот, таа го променила својот изглед.
За времето на изградбата на оваа џамија немаме доволно податоци. Не бил запазен вообичаениот натпис кој се поставувал над влезот во џамијата и не знаеме дали постои вакафнаме на нејзиниот основач. Меѓутоа, маало под називот Хаџи Јонус го сретнуваме помеѓу скопските маала во 1544 година. Овој податок јасно зборува дека џамијата била изградена пред оваа дата. Така, можеме да го лоцираме нејзиното настанување во временскиот период од XV век па се до 1544 година. Ќе го истакнеме и податокот дека во списокот на скопските маала од 1568/69 година истото маало е запишано и под називот Мезџид Хаџи Јонус.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer