Турбето на Хумашах-султан
До Бурмали џамијата постоело турбе, коешто било изградено кон крајот на XVI век. Било урнато есента 1924 година, пред уривањето на џамијата, а заради изградба на Офицерскиот дом. Глиша Елезовиќ наведува дека, според натписот на турски јазик, врежан на дрвена табла над влезната врата, во турбето била погребана Хумашах-султан, која во Скопје имала голем вакаф завештан за потребите на училиштето и завието (теќето) изградени до Камениот мост во Скопје, како и за турбето што се наоѓало во Бурса. Но, Семави Ејиџе вели дека ова турбе му припаѓало на основачот на Бурмали џамијата Карлизаде Мехмед-бег. Турбето претставувало шестаголна зграда, ѕидана од камен и тула, а имало шилест покрив, единствен од таков вид во Македонија.
Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer