Хаџи Мухјидин џамија (Фарфара)
Хаџи Мухјидин џамија (Фарфара) се наоѓала во близина на џамиите Џедид Иса-бег и Хаџи Хајредин. Изградена била во хиџ. 991 (1583) година што се гледало од натписот над влезот во џамијата, како и од запазеното вакафнаме датирано со хиџ. 1001 (1592) година. Од вакафнамето, меѓу другото го дознаваме и следното: дека градителот на овој објект бил Хаџи Мухјидин, син на Абдул Вехаб, жител на маалото Ибни Пајко во Скопје; дека џамијата била изградена десет години пред составувањето на овој документ како и тоа дека таа се наоѓала во околината на Дикилиташ во Скопје.
Изгледот на оваа џамија со текот на времето бил изменет како резултат на претрпените општетувања и поправките во текот на нејзиното повеќевековно постоење.
Со поместувањето на северниот ѕид од џамијата, и влезот во минарето се нашол во молитвениот простор (додека претходно во минарето се влегувало од тремот).
На местото на старата џамија денес во изградба е нова, помодерна џамија која со своите архитектонски карактеристики отскокнува од првобитниот изглед.
Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer