Место
Скопје
Моментална состојба
Непостоечко теќе

Вeлаудин Вардар

Tеќето на Велиудин Вардар Синани е основано кон крајот на 16 век и дејствувало до крајот на 19 век. Основоположник на ова теќе бил муридот на Уми Синан, Абдулхади Вардар. По него на постот седнал Вели-деде. Во 1806 година на местото шејх дошол Абдулфетах. Во 1833 година шејх станал Мухјидин-халифе, а по него Абдулгафур-халифе се закитил со титулата шејх на ова теќе. Последен шејх на теќето бил Хафиз Омер Мехмед-ефенди, кој останал на постот до 1912 година, а потоа се иселил во Турција. Овој шејх умрел во 1954 година.
Ова теќе се споменува и во неколку берати со кои е именуван шејхот на ова теќе. Еден од бератите го носи датумот 5 зулхиџе 1220 / 25 јануари 1806, а другите се од 1833, 1836 и 1878 година.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer