Фотограф
Непознат
Моментална состојба
Постоечки објект
Место
Скопје
Вилаетски конак (Уќумат) Вилаетски конак (Уќумат) Вилаетски конак (Уќумат) Вилаетски конак (Уќумат) Вилаетски конак (Уќумат) Вилаетски конак (Уќумат) Вилаетски конак (Уќумат) Вилаетски конак (Уќумат) Вилаетски конак (Уќумат) Вилаетски конак (Уќумат) Вилаетски конак (Уќумат)

Вилаетски конак (Уќумат)
Вилаетскиот конак бил изграден кон крјаот на XIX и во него била сместена највисоката вилаетска управа откако во 1888 година во Скопје било преместено седиштето на Косовскиот вилает од Приштина и во градот останало до 1912 година. Тука била сместена вилаетската администрација. Објектот има правоаголна основа и се состои и приземје и кат. Бил изграден во севернот дел на чаршија, веднаш до Мустафа пашината џамија. Во тој период, од уметничко-занаетчиското училиште „Ислахана“ била преместена и печатницата на косовскиот вилает која била сместена во посебно уредени простории од конакот. Подоцна тука била сместена Финанскиска дирекција. Објектот претрпел сериозни оштетувања во земјотресот од 1963 година, по што бил реконструиран и денес служи за деловни цели. Градбата е изградена во духот на исламската архитектура, но со забележливи западновропски влијанија.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer