Фотограф
Непознат
Моментална состојба
Непостоечки објект
Место
Скопје

Пошта
Старата турска пошта била сместена меѓу вилаетскиот конак „Уќумат“ и Мустафа-пашината џамија, спроти влезот на тврдината Кале. Зградата била изградена на крајот од XIX век, за што сведочи натписот на камената плоча поставена над влезната врата. Натписот бил испишан со несх-талик писмо и во превод гласи:
Оваа телеграфана ја основал и ја подигнал султан, син на 
султанот Абдул Хамид Хан Втори, кој е украс на високиот и
 ценет Османски престол. Градењето е довршено во 
илјада тристота и седумнаесетта хиџриска година (1899 г.)

Во времето на нејзината изградба, таа била првата турска телеграфана во градот, а подоцна оваа служба го добила називот Дирекција за телеграф и пошта. Првобитно, објектот имал правоаголна основа и се состоел од приземје и кат, а подоцна бил дограден уште еден кат. Како последица на земјотресот од 1963 година, објектот бил оштетен и со неговата реконструкција бил отстранет доградениот кат. Денес во тој објект е сместен Меѓународниот балкански универзитет.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer