Јени амам
Јени амамот бил дел од вакуфот на џамијата Хатуние. Овој амам веројатно станал дел од вакуфот на џамијата многу подоцна бидејќи џамијата е изградена во 1903 година, а амамот според начинот на градба датира најмалку два века порано. Објектот бил запуштен уште во XIX век, а годишната закупнина му била околу 150 гроша. Потоа, со текот на времеото поради невлозжување, неодржување истиот се распаднал. Денес од објекот се остананти сосема малку остатоци, до степен што е речиси непрепрознатлив, купиштe камења. Покривот бил со куполa, а во внатрешноста преживеале сосема мал дел од сталактитните украси.
Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer