Фотограф
Непознат
Моментална состојба
Непостоечки објект
Место
Битола

Првата воена болница

Ова болница се наоѓала некаде во кавртот Димитри, односно околу црквта Св. Димитриј во строгиот центар на Битола. Била масивен објект ограден со дебели ѕидови. Централниот објект бил еднокатна градба што располагала со 64 легла, додека помошниот, наменет за инфективни болести имал 18 кревети. Директор на оваа болница бил извесен Скембер кој потекнувал од Малта. Оваа болница, во 1836 година во своите патеписи, ја споменува Ами Буе. Болницата имала и депо за лекови, а карактеристично било тоа што ноќно време не работела, односно пациенти се примале само преку ден. Оваа болница со сместувањето на Третата армија била премстена во близина на Касарните. Таму била сместена во еден четвороаголен објект со пацио кој бил изграден на приземје. Овој објект бил подигнат во 1849 година. За новиот објект пишува и Јохан Хан, кој ја опсипува со фалби. Имала богата медицинска збирка на иснтрументи, сместена во три големи сандаци. Според хигиената можела да се споредува со тогаш најсовремените евроспки болници во кои воопшто не можел да се препознае „тешкиот мирис на лечилиште“. Имала и депо за лекови од западноевропско потекло за кои во 1855 година биле потрешно 1.560.000 франци. Лекарите во прво време доаѓале од медицинскиот факултет во Галата, но поради некомпетентност и недоволна стручна подготовка подоцна биле заменети исклучиво со европски лекари. Европските лекари во суштина се османлиски подацини кои медиина учеле некаде низ европските земји. Оваа болница особено внимание требало да посветува на борбата со туберкулозата како и со мларијата, кои биле две особено чести болести во Битола во тој период. Што се случувало понатаму со овој објект не се знае. Најверојатно останал во употреба до 1912 година, кога како и другите објекти настрадал во виорот на Првата светска војна. Објектот денес не постои.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer