Затворот при Вилаетскиот конак
Овој затворски објект во суштина е дел од Централниот затвор заедно со Катиљхането. Како што моеже да се согледа, во суштина, Централниот битолски затвор не бил составен од објекти на една локација туку од повеќе објекти кои биле на определена далечина еден од друг. Не постојат податоци кога објектот бил подигнат, но се знае дека веќе во 60-ите години на XIX век бил активен како и Катиљхането. Условите и тука биле страшни или како што ги опишува Феликс де Буга „крајно тешки и лоши особено за здравјето“. Се вршеле тешки измачувања, дел од затворениите бие оковани во пранги, а дел ставани во долапи (екстремно тесни простории без прозорци). Како што Миладинов велел „Излез од тука е можен само со дѝ аргент - пусто сребро, пусти пари“. Овој објекто заедно со целиот комплекс на Вилаетскиот конак бил разурнат во Првата светска војна, а целосно срушен при изградабата на новата градска општина во 1929 година.
Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer