Фотограф
Непознат
Моментална состојба
Постоечки објект
Место
Битола
Митрополитска резиденција Митрополитска резиденција Митрополитска резиденција

Митрополитска резиденција

Митрополиската резиденција во Битола или позната како Битолска митрополија е управно седиште на Преспанско-пелагониската епархија и нејзиниот митрополит. Била изградена во необарокен стил во периодот од 1901 до 1902 г. во времето на бугарскиот егзархиски владика Григориј. Има 4 нивоа: подземен, 2 ката и поткровје со параклис посветен на св. вмч. Георгиј Победоносец и две простории кои имаат музејска намена. Мебелот бил изработен од копаничарот Нестор Алексиев Мирчевски и неговата тајфа. Митрополијата поседува библиотека „Св. Јован Богослов“ со фонд од 20 000 книги и списанија. Митрополиската капела поседува и делови од светите мошти на свети Климент Охридски, свети Агатангел Битолски и света Февронија. Митрополијата во минатото била посетена од значајни личности како Александар I Караѓорѓевиќ и Јосиф Цвијовиќ, како и двајца светци кои ја користеле како своја резиденција: свети Платон Бањалучки и св. Николај Жички и Охридски.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer