Фотограф
Непознат
Моментална состојба
Постоечки објект
Место
Битола
Хотел Београд Хотел Београд

Хотел Београд

Подигнат бил кон крајот на XIX век од стрна на приврзаниците на српската пропаганда во Битола која се засилила по доаѓањето на Димитрија Боди. За кратко хотелот станал собиралиште на припадниците на српската пропаганда, па така го стекнал и народното име „Српски клуб“. Хотелот бил изградне на правоаголна основа, на приземје и кат во традиционален османлиски стил. Не располагал со некои особени услови за престој, па многу од странските гости оставиле прилично лоши сеќавања за истиот. Интересно е да се спомене дека токму од овој објект било официјално објавено српското освојување на Битола во 1912 година. Објектот функционирал како хотел и во понатамошниот период, а упавник на хотелот била извесна Даринка Крстиќ. Во текот на Втората светска војна, работел под името „Пловдив“. Денес во објектот кој е значително изменет и дограден е сместен хотелот Треф.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer