Фотограф
Непознат
Моментална состојба
Непостоечки објект
Место
Битола
Хотел Босна Хотел Босна

Хотел Босна

Хотелот Босна бил подигнат  некаде во втората половина на XIX век. Постојат тврдења дека го подигнал Абдулкерим паша, кои за жал не се точни бидејќи хотелот постоел и во него отседнувале гости и пред тој да е валија. Еден од тие бил и Спиридон Гопчевиќ кој во хотелот престојувал во 1890 година, а хотелот тогаш го носел називот „Хотел д лʹОриент“. Објектот, според Гопчевиќ, бил солидна градба со убави услови за престој. Имал пространа и шитока гостилница, убави скали што воделе кон горниот кат каде биле сместени хотелските соби кои биле убаво уредни, а некои од нив имале и балкони.  Хотeлот во своето постоење имал неколку имиња, но останал запаментен под името Босна кое го добил по 1913 година. Се наоѓал на местото на денешниот паркинг пред Центарот за култура Битола. Хотелот бил репрезентативна градба со приземје и кат. Во едниот дел имало и дуќани, а на горниот кат еден период, по 1936 година била сместена нижата женска гимназија. Објектот бил многу експлоатиран и претставувал еден од најдобрите ресторани во градот кадешто се организирале разни свечени приеми. Хотелот изгорел во пожар во 1939 година и не бил обновен. Последните остатоци од градбата биле отстранети во 1946 година, кога се правеле првите модернизации и урбанизации на градот.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer