Фотограф
Непознат
Моментална состојба
Непостоечки објект
Место
Битола
Хотел Централ

Хотел Централ

Хотелот Централ најверојатно бил изграден кон крајот на XIX век. Бил сместен веднаш до денешниот хотел Епинал. Хотелот имал подрум, кафеана со ресторан, а просториите за спиење биле сместени на катот. Имал отворен двор кој гледал на главната улица. Овој хотел бил познат и по тоа што во задните простории се играло комар, а на катот пак, се нуделе сексуални услоги од страна на девојки кои доаѓале од други земји. Денес објектот не постои.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer