Фотограф
Непознат
Место
Охрид
Моментална состојба
Непостоечко теќе

Тихомир Ѓорѓевиќ кога го посетил Охрид во 1933 година го запишал следново: Во Охрид, во Хаџи Дургут маало, во една градина, се наоѓа едно старо, целосно срушено и запуштено теќе, кое локалното население го нарекува теќето на Шејхот Так тук Каплан-баба, за кое никој ништо не знае да каже, освен дека тука се наоѓа гробот на шејх Так тук Каплан-баба и дека често, ноќно време, од неговиот гроб се слуша удирање на тумбелек (инструмент од земја, налик на чинија, преку кое е растегната кожа по која се удира).

Во истата градина, стотина метри одалечено се наоѓа и гробот на шејх Исмаил-баба, за кој исто така ништо не се знае. На овие гробови често доаѓаат и муслимани и христијани, особено жени и палат свеќи.