Фотограф
Непознат
Место
Охрид
Моментална состојба
Непостоечко теќе

Тихомир Ѓорѓевиќ кога го посетил Охрид во 1933 година го запишал следново: Накшибенди се еден дервишки ред, кои не се нарекуваат дервиши, туку ихвани (браќа), и кои не градат турбиња, туку се погребуваат во гробишта. Во Охрид ги има околу педесетина на број. Првиот нивни шејх во Охрид бил шејх Јаја. Додека тој бил жив, теќето им било во маалото Хаџи Дургут. Кога тој починал, теќето било преместено во Табана, каде што се наоѓа и сега. Во него шејх бил Сулејман кој починал пред месец дена.