Фотограф
Непознат
Место
Охрид
Моментална состојба
Непостоечко турбе

Тихомир Ѓорѓевиќ кога го посетил Охрид во 1933 година го запишал следново: Во Охрид, во маалото Али Челеби, до војната имало теќе кое мештаните го викале теќето на шејх Кајлула или турбето Гариб. Шејх Кајлула, основач на ова теќе, бил Охриѓанец и припаѓал на дервишкиот ред џихангири. Кога починал, погребан е под теќето, па потоа на гробот му е изградено турбе. Во теќето го наследнил неговиот син, шејх Асан, кој преминал во бекташите. И тој е погребан во истотото турбе, покрај својот татко. Асан оставил син кој заминал за Турција. Теќето е растурено, а останало само турбето, кое мештаните го почитуваат и во кое палат свеќи и се молат на Бог, особено кога имаат некаква мака.