Фотограф
Непознат
Место
Охрид
Моментална состојба
Непостоечко турбе

Тихомир Ѓорѓевиќ кога го посетил Охрид во 1933 година го запишал следново: Во Охрид, во маалото Кулоглу, во сокакот Џунгакли, се наоѓа едно старо, откриено и неоградено, веќе запуштено турбе, за кое мештаните ништо не знаат да раскажат. На гробниот камен само се распознава годината 1107 (1695). Околу турбето се наоѓа муслимаснки гробишта кои ги нарекуваат Пашина градина (paşa bahçe). Во тоа турбе доаѓаат луѓе да палат свеќи.