Фотограф
Непознат
Место
Охрид
Моментална состојба
Непостоечко турбе

Тихомир Ѓорѓевиќ кога го посетил Охрид во 1933 година го запишал следново: Во Охрид, во некогашното маало Сазлак, на самиот брег на езерото, каде што сега се наоѓа кејот, преку патот на хотел Турист, се наоѓала џамијата Јунуз-војвода. Покрај оваа џамија се наоѓало турбето, во кое бил погребан Далга-баба, по кое и турбето било наречено (далга на турски јазик значи бран). Далга-баба бил Тоска. Загинал некаде на бојното поле, па бранот (далга) го исфрлило телото пред џамијата Јунуз-војвода. Кога бил исфрлен од езерската вода, тој ја држле својата глава под пазувот. На местото каде што бил исфрлен, таму бил о погребан и  гробот му е ограден со тараба.

Далга-бабиното турбе во Охрид уживало голема почит. Населението доаѓало на турбето, се молело на Бога, особено кога се наоѓало во невоља, и палело свеќи покрај гробот. Иако понекогаш на езерото имало силен ветер, свеќита на неговиот гроб не можеле никогаш да се изгаснат.

Далга-бабиното турбе и џамијата покрај него неодамна биле срушени, и така покрај езерото е направен кеј. Но, побожните Турци го запамтиле местото каде се наоѓа гробот, па тајно ископале дупка и ја покриле со една камена плоча, под која и денес, особено во ноќните часови палат свеќи.