Тихомир Ѓорѓевиќ кога го посетил Охрид во 1933 година го запишал следново: Во Охрид, во маалото Али Челеби, се наоѓа едно старо турбе во кое е само еден гроб; тука е погребан некој Ак-баба, па по него е наречено. Ова турбе има турбедар, кој се грижи во турбето секогаш да горат свеќи кои ги носат посетителите. Во турбето доаѓаат на молитва многу побожни муслимани особено оние кои се во невоља, носат свеќи и се молат на Бог. Доколку болнниот не може да дојде, тогаш на гробот се носат делови од неговата облека, а потоа облеката му се дава на болниот да ја облече и на тој начин ќе оздравел.