Фотограф
Виктор Трајановски
Место
Охрид
Моментална состојба
Постоечко турбе
Турбето на Хајдар-паша Турбето на Хајдар-паша Турбето на Хајдар-паша Турбето на Хајдар-паша

Во рамки на Хајдар-пашината џамија, се наоѓа правоаголно турбе во кое има три гробови. Непостојат точни записи поврзани со турбето, па така идентитетот на погребаните таму е непознат. Според една легенда за оваа џамија, Хајдар-паша, ранет во битка, дошол во Охрид и сакал да изгради џамија. Сопственичката, госпоѓа Селви, го прашала зошто сака да ја купи. Пашата одговорила дека поседува сума пари што му припаѓаат на маченик и дека сака да изгради џамија во негово име. Кога го слушнала ова, г-ѓа Селви поставила услов: кој и да умре прв, да биде погребан во основата на минарето. Ова барање било прифатено и џамијата била изградена. Бидејќи Хајдар-паша починал пред г-ѓа Селви, тој бил погребан прв, а гробницата станала позната по неговото име. Подоцна, г-ѓа Селви и нејзината слугинка г-ѓа Хемен починале и биле погребани во истото турбе.

Турбето е посетувано од месното население кое најчесто бара дерман за својата мака. Оние кои сакаат да најдат исцелување ја ставаат облеката што ја носат врз турбето надвор, а долната облека (најчесто маици) ја ставаат на или до гробот во турбето. Потоа турбедарот на турбето му ја дава облеката на нејзиниот сопственик, кој потоа ја облекува. Луѓето кои се премногу болни или пак се парализирани, во турбето ги внесува турбедарот. Откако ќе влезат тие лежат меѓу гробовите одредено време. Девојки со лоша среќа и млади невести кои не можат да забременат се меѓу честите посетителки во турбето.