Фотограф
Semavi Eyice; Zekai Erdal
Место
Охрид
Моментална состојба
Постоечко турбе
Турбето Синан Челеби Турбето Синан Челеби Турбето Синан Челеби Турбето Синан Челеби Турбето Синан Челеби Турбето Синан Челеби Турбето Синан Челеби

На Плаошник, во непосредна близина на црквата Св. Климент, се наоѓа турбето во кое е погребан Синан Челеби. Синанедин Јусуф Челеби припаѓал на семејството Охризаде, еден од угледните османлиски родови во Охрид. Турбето во својата архитектонска форма е доста слободно решено, со развиена форма која е диктирана со двата гроба што се наоѓаат во него. Во основа тоа е во форма на буквата „L”, од типот на отворени турбиња, ослонето на квадратни столбови на секој од аглите. Левиот дел од турбето е помал и тука е погребан Хасан Баба а другиот гроб е веројатно на братот на Синан Челеби или можеби неговиот син. Според некои податоци во гробот е погребано детето на Ана Ташула, христијанка, жена на Џеладин бег која го задавила своето дете да не ја прими муслиманската вера. Во просторно поголемиот издолжен простор е сместен гробот на Синан Паша со исклесан надгробен камен со натпис. Според натписот на арапски јазик, над кој се наоѓа украс од стилизиран лист, Синан Челеби умрел на 19 април 1493 година. Денес, оваа надгробна плоча се чува во Заводот и Музеј во Охрид. Турбето кое е единствено од овој тип во Македонија со своето архитектонско решение овозможува негово извонредно поврзување со околниот пејзаж. Реставрацијата извршена од ТИКА во 2012 година му го дала на турбето неговиот денешен изглед. Република Македонија го прогласила за значаен споменик на културното наследство. Денес таа се наоѓа во рамките на манастирскиот комплекс на обновената црква „Св. Климент и Пантелејмон” – чија реконструкција беше завршена во август 2002 година – со што гробот на градителот на џамијата стана траен дел од христијанскиот комплекс.